дека (сврз.) - ете (чест.)

А си мислеше дека ете сега ќе ја фати за плетенки и ќе ја заврти да и погледа во очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остави мајка, остави татко, жена и две деца и побегна со една ороспија дури во невратилово, но се утеши дека ете пак го „милуал господ", го вратил назад за да им се најде во секоја невоља.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше токму на тој начин да им даде до знаење на соседите и пошироко дека ете, и за нејзиниот Ѓорѓе се нашла прилика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Скандалозното размислување дека сите жени се курви може да се заврти во наша корист ако така се навиеме наутро и, како на програматорот од машината, го свртиме копчето на програма: - Површна само на изглед, - Дете во тело на жена, - Таа која прва си оди, за да не ја напуштат, избегнувајќи ја во широк круг програмата „останува само покрај исцедени, од кои највисок дострел е да искапеш барем уште една капка“, повеќе поради предизвикот за докажување дека ете можеш!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, некаде длабоко од потсвеста излезе надежта, сосем мала, одвај дофатлива, дека ете ако тој, нејзиниот Хелвиг, измени нешто во одлуката... ако го победи тој другиот во себе и ако им се врати, дека тогаш потешко ќе биде пак да го прифатат. Нејзините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Почна да му сугерира дека ете, тие старци толку се лоши, што и сопственото дете, него, Хелвиг, а и неговите синови, не можат да ги поднесуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се запишувавме, викајќи пароли, а најмногу дека ете, сега, веднаш, сме готови да одиме да се бориме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ами јас како ќе останам сама?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И Зоки трчаше по собата, го дуваше балонот, пак го испушташе воздухот и пак ја врзуваше грлушката толку занесено, само за да му покаже на стрико си дека ете, тој и без неговиот подарок убаво си поминува и дека нималку не му е криво што ништо не му донел. Ако, нека види!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)