додека (сврз.) - вечера (гл.)

Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека вечераа мајка Перса не престана да зборува и да ѝ се восхитува на Роса, а Пелагија ја поплати чувство на вина што таа и нејзината Пеличка имале среќа да ја сретнат мајка Перса, а мајка Роса со толкаво јато сѐ уште да остане во подрумите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И навечер кога црниот мрак, како наеднаш да го голта селото, се издига чадот од оџаците за кратко, додека вечераат и пијат матеница.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)