додека (сврз.) - живее (гл.)

Блазе си им на Србите што си го имаат Новак Ѓоковиќ да им го крева моралот додека живеат у транзиција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се покажа дека тоа била една од моите другарки со која многу се дружев додека живеев во Кочани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се сеќавам, дада ми ги даде сите чинии и тенџериња, филџанчиња што ги користевме додека живеевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Знаеш Радо, - тишината ја прекина Снежана, - со Саво уште додека живеевме во Нови Сад посвоивме мало ангелче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Илузиите постојат, ќе постојат сѐ додека живее човекот, тие го означуваат можниот пат кон Бога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ќе се борам колку што можам да докажам дека нема јазик на кој не се рлаче и не се страда, нема јазик на кој може докрај да му се биде верен...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Би сакал да ви пренесам еден објавен текст за моите потраги и размисли, на некој начин расрнат помеѓу албанскиот и македонскиот јазик, во потрага по излез во јазикот на татковата душа: Еден ден, кога на прагот на пеколот или од рајот (со помали шанси) ќе се најдам пред небескиот трибунал на моите албански предци, сигурно ќе бидам обвинет за, велепредавство, затоа што додека живеев на рланетата Земја го изневерував мојот мајчин јазик, пишувајќи и на јазиците на другите, на јазиците на народот со кој живеев и оние другите, со кои бевме соседи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие, додека живеат во Езерото, се симболи на животот и на опстојувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека живееше овде, неколку месеци од далечната 1947 и 48 година ги поминавме како многу блиски пријатели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)