додека (сврз.) - лежи (гл.)

Додека лежиш тука“, рече О'Брајан, „ ти често се прашуваш - ме праша дури и мене - зошто Министерството на љубовта би трошело толку многу време и труд со тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирно е сега сѐ додека лежиме обата два исечени трупа две болки два суви извора врз кои не слетуваат птици врз кои не пукаат песни.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Имаше нешто необично што останало за змијата додека лежеше таму на приквечерната светлина, нешто сугерираше на моќниот маѓепснички човек од примитивните времиња што чувствувал за змиите, гуштерите и рептилите за да се заштити и од злото и да ја повика добрата среќа, нешта што тој ги обликувал во слики од сребро и од злато за да ги носи како амајлии и талисмани, па дури и да ги обожава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во селото, додека лежев болен од тифус, таа за цело време додека сум бил во бессознание, не водејќи сметка дека и самата можела да се разболи, била крај мене.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еднаш, кога те затвораат, ќе ти удрат еден дајак сите полицајци по ред и преку ред, додека началникот божем води записник, а потоа ќе те одвлечкаат до визбата како празна вреќа да не можеш да стапнеш на нозе додека лежиш, чекајќи да те осудат. Ако дочекаш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едната од ќерките на Параспуровите тврдеше дека додека лежел на земјата косата уште му светела и фрлала искри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Една ноќ, додека лежевме испреплетени во големата бела тврдина на нејзиниот кревет, ја симнав пластичната капуљача и ја прашав дали било кога ќе ми верува толку за да водиме љубов на начин познат со столетија, сирово и незаштитено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа се извлече од својата обвивка и погледна настрана нудејќи ми го својот извонреден благороднички профил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)