додека (сврз.) - мисли (гл.)

И додека мислеше: Боже, колку неповторливи маѓии имаш за нашава земја, не помислувајќи притоа на ништо определено, тој си ја прибра до себе својата долга француска пушка, ја настега во неа последната пачка фишеци, што ја имаше, и ја задржа тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше и една ведрина во своето сознание што нараснуваше со секој миг, додека мислеше на нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но додека мислев така, јас сфатив дека да исчезнеше светот, јас немаше да мислам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„А, не! Шест месеци продавам на плажа во Пореч, а другите шест сум ’Доктор Славе’ - познат травар и исцелител“, се насмеа и, додека мислев дека се шегува, се врати облечен во бел мантил, со слушалки околу вратот и апарат за притисок.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)