додека (сврз.) - пука (гл.)

Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Впрочем, и не беше неоправдано на потчинетите да им се обраќаме со јазик што не го разбираат јазик без ’рскавица без срце, без папок при секакви прилики што ја земавме истата нула истиот обрач го растегавме како сува кора на стварноста и додека пукаше, секогаш рапаво се грозевме и едните и другите: народот, од што беше чувствителен ние, од што нè обземаше страв и претерана волја да биде по наше.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)