додека (сврз.) - чека (гл.)

Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
За тоа време, пак, додека чекаше да види што ќе сторат сега Турците, старецот загрижено се прашуваше дали му успеа планот, дали успеа да ги смилостиви со тоа што ги дочека со добре дојдовте, со леб и сол, и потем, оти тие не нападнале првин таму, на Имотот, кога веќе тој прв им се испречуваше на патот, туку дојавале овдека, во Дупка?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И пред тоа, додека чекаше на врската, размислуваше како да се претстави: дали само со името или со името и чинот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еве, и суетата спласна, па стојам пред тебе и гол сум регрут додека чекам - дали е слободно уште она место на градилиштето за кое ми говореше?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И додека чекаше кафето да се стопли, почна да се прашува како досега не ја забележала змијата, нагаѓајќи дека вкочанетиот орнамент може да е вистинска змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја запомнав одредницата од Тато. Еден ден, додека чекавме седнати во портокаловиот Фиат 1300 на раскрсницата кај црквата Св. Никола од исарските куќи се спуштија неколку моми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На пешачки премин, додека чекаат да им се запали зелено на семафорот, а ти со испружена, растреперена рака чукаш на нивниот прозорец да ти спуштат на дланка некоја железна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Едо, додека чекаше пред телефонската говорница, забележа дека е ова некое пусто место каде што жив човек во ова време не наидува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога, додека чекаше во долгиот ред пред пасошката контрола на аеродромот во Торонто, ги виде оние очепарачки транспаренти на кои со црвени букви пишуваше „Nous parlons francais“ и „We speak English“, му подолесна: Овие сигурно разбираат и германски што го научи во Австрија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Александар додека чекаше пред кафематот се запозна со својот соработник за документарецот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека чекаше тие малку да се оладат, здроби едно јаболко и го стави пред Кротка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сепак главното е кога ќе зачекорам во фризерницата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секогаш е полна со оние лавји торокуши кои се буткаат додека чекаат на ред.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Смирување на денот. Сонце веќе нема, багремот се капе во последната светлост, пурпурен залез здивот го зема над планините над Мургаш додека чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Изгледаше како слогот да се заглавил во грлото, не како гргорење, туку како нешто што го правеше додека чекаше зборовите сами да се појават.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Мирисот на она што го испушта готвењето втасува насекаде, па и до дед Павел ќе втаса“, ми рече тој додека чекавме да ни ја отвори портата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Според мене, тоа е затоа што тие читаат додека чекаат во ред, - се искажа тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас секогаш му се восхитував на широкиот поглед и на начитаноста на рускиот човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Додека чекаше Илко бродот да се поправи, деновите ги минуваше во шетање по островот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)