додека (сврз.) - им (зам.)

Главната грижа тука не е моралот на масите, чие однесување е неважно сè додека им се дава постојано да работат, туку моралот на самата Партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа, додека им се обраќаше на своите соговорници, настојуваше да биде блиску до нив, така што неговата посебност препознатлива во измешаниот мирис на тутун, урми и гел, што го употребуваше за густата коса, веднаш ги двоеше тие што беа околу него: реата уште во мигот или ги освојуваше или ги одбиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И, додека им пресметувам и им пакувам во кеса, се шегувам: „А, да ви кажам и дека не е пожелно да го познавам затоа што од неодамна сум ’тазе’ разведена“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ уште врз огнот фрлале гранки и се собирале, се стискале еден до друг да се згреат меѓусебно, малку повеќе од последната топлина на мртвиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го гледале додека им се доближувал како симнат од распетие, измиен со молитви но не помалку темен од порано.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Само го очекуваш моментот кога ќе пламнеш и ќе се пеплосаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: навидум студени, студени, а додека им се вовлекуваш под кожата, како да слегуваш во вулкански кратер.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)