додека (сврз.) - неа (зам.)

Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, машките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога кренавме врева, татко ми потскокна од местото да нѐ тепа, ама како секогаш, тука се јави дедо: - Полека- рече тој. – Слушајте ваму вие бесници низаедни, па ваше нека биде, ама прво ќе излезете надвор, ќе се фатите за џерот среде гумното и додека не изброите секој до триесет, назад да не се враќате! Добро?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)