додека (сврз.) - низ (предл.)

Покрај Мики-рибарот, на плажата се активни уште две деца, Гаге и Танче, кои се капат и скокаат од Неподмитливиот камен, мазна карпа испапчена над водата, десетина метри од брегот, од каде што полузаинтересирано ги набљудува машко русокосо дете, Климче, фрлајќи камчиња во езерото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Дали и мртвиот Кузман сенка се престо- ри додека низ клисурата на сенките го носеа?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Според Фоте, бараките беа исти; со тоа што во попристојните простории кај влезот беа сместени професорите (а тогаш надгледниците) а во поголемите простории во средината студентите (тогаш затворениците), додека низ мрежестите стакла на прозорците немиени со години провираше по некој ќунк зинат за воздух; ако имаше ќумбе под него, тој можеше и да издишува нешто како топлина, кога веќе снагите на жителите во бараките беа исушени од внатрешно согорување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И додека низ селото кон положаите се влечкаа телефонски жици и се копаа ровови по планините, луѓето исплашено издивнуваа: - Ах, ако дојде до војна, селово ќе го снема...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чиракот на дедо, на пример, по има Миле, беше еден од тие систематични, упорни ученици, кои напредуваа step by step додека низ тој благороден процес на учење не си го совлада занаетот и не ја изгради самосвеста за да си отвори сопствен дуќан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)