додека (сврз.) - друг (прид.)

Ролните, кои беа со еднаква должина (30 минути), не беа пуштени истовремено (ед­ната завршуваше додека другата беше во тек), па дејството на овој начин, слично како во Sleep, би можело да се одвива во реално време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оваа експресионистичка претстава, рој од извртени линии повлечени со молив ја опкружуваат истоштената фигура на Христос, чијашто една рака безживотно паѓа, додека другата успева да направи малку пожив гест.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште една негова животна преокупација, религиозните претстави е претставена преку „Пиета” (1949), работена во молив и масло.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи постоеја дванаесет ролни чија содржина не е поврзана, Ворхол употреби трик за да ја избегне елипсата: филмот истовремено е проектиран на две платна кои претставуваа две паралелни дејствија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Велоперевци, едни од многуте лоши Турци со христијанско презиме, беа цел табор од браќа, братучеди, внуци и стрикови, та секогаш по еден беше на штрек, додека другите спиеја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некои од нив се фигуративни, додека други се сосема апстрактни.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некои од нив ја отсликуваат општата променливост, додека другите опишуваат хаотични или нелинеарни системи (т.е оние во кои факторите на влијание врз однесувањето на системот не се пропорционални со ефектите кои ги предизвикуваат).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Еден палавко го бутнал пенисот во својот другар, додека другото момче го сече најличниот дел од курот на возбудениот примател, а посетителовиот гостувачки уд скока и го исполнува празниот простор од кој природата се гади и свршува во Црната Лагуна каде нестрпливата пирана го грабнува сѐ уште нероденото дете кое никогаш - со оглед на некои добро познати факти - нема ни да се роди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Старицата не стигна ни до предворјето на овој храм.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наш град, кој ни ги отвори широко портите и не пушти во својот храм, каде што виталните стануваат негови миленици и жреци, додека другите исчезнуваат и пред да ја сетат животворноста на неговата молитва...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Побрза да го искористи случајот, додека другите спиеја, да се расправи со Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А сомнителни ми станаа кога најмладиот, веројатно вториот помошник, како божем со стиснати нозе се упати кон клозетот, а всушност се шмугна низ вратата надвор, додека другите двајца што останаа на масата престанаа да разговараат наведнати еден кон друг и продолжија да ги накреваат чашите завалени назад.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Обете работи се не само рамносилни туку и истовремени, па самиот себеси си личиш на човек што се натоварил од пазар со две токмуглави лубеници, но не по една под секоја мишка туку и двете под една, додека другата му се мавта празна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За овцата, која беше изнемоштена, ослабена, Бојан смеша малку трици со сол и додека другите овци ги собираа грижливо остатоците од сеното во јаслите, тој го крена малото јагне и го пренесе во кошарата. Блеејќи, овцата одеше по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои научници, како што е примерот со Theodore Savory, го дефинираа преведувањето како „уметност“; некои, како Ерик Јакобсен, го дефинираа како „вештина“ „занает“; додека други, веројатно прифаќајќи поразумно решение, го преземаа терминот “наука” од Германците.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Две од нив се ориентирани кон продуктот, односно акцентот го ставаат на функционалните аспекти на текстот на ЈЦ во релација со текстот на ИЈ, додека другите две полиња се ориентирани кон самиот процес, односно, акцентот го ставаат врз сѐ она што се случува за време на процесот на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш низ Потковицата се ширеа гласови дека некои го виделе умрениот како осамен, жеден и невесел (додека другите умрени во групи или редици оделе и се враќале од кај изворите) чека на падините на Горник, долу, под оградата на гробиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од сите овие видувања на умрени кои слегуваат да пијат вода на изворите, најфантастично беше она, за Трајана Дамческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, откако исчуканото жито ќе го извееја и просееја, низ дрмон па низ решето, и додека другата челад го прибираше во амбарите, тие `ржаницата ја носеа на бунарите,ја положуваа во коритата за поење на добитокот, а потоа коритата ги наполнуваа со вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сам султанот, со бројната послуга, со харемот и нејпочестените високодостојници, се смести во господарската зграда, додека другата негова придружба, соколарите и гардата, распна шатори на Зедница и во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еден геј-маж го игра ’бучот’, додека другиот го игра ’женчето’“.69 Но, до 1977, сето тоа веќе беше древна историја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашите домови можат да се сметаат за мешавина на само-организирани и планирани компоненти: одредени предмети ќе заземат простор и ќе ја исполнат функцијата што ние намерно сме им ја доделиле, додека други ќе бидат наместени онаму каде што добро се вклопуваат во околината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Волците се растурија, оставајќи по себе само неколку расфрлани голи коски, а еден од нив, продорно квичејќи, ја повлече по себе едната своја мртва половина, додека другиот, сигурно погоден во скокот, се стркала со сета сила надолу, меѓу стеблата, собран во грчот и мртов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Прикаски“, воздивна. „Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се раѓаш да буташ некого кон гроб додека друг и тебе те бута зад грб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На наддланката му лазеше пролетна бубачка под црвен оклоп, она за која се веруваше дека е предабер на гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3 И не мислејќи дека така ќе се случи, несвесно станувале војувачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако ќе нацрташе еден таков предмет – како што реков, тоа се случи само еднаш додека бев кај него – со кола заминуваше на творечки одмор што траеше повеќе од осум дни, додека црташе само четврт час.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сеедно, додека другите ги обземаше бес, благородниот Трифун Трифуновски потонат во својот волшебен свет блажено, со среќа твореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пиктографскиот карактер на многуте симболи е јасен (нпр. птица, риба), додека други не можат да се протолкуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Разни типови, клекнати на едно колено, лизгаат некои чајници, додека другите со метли и четки ја чистат ледената површина.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На пример, еден од каноните во три гласа е означен како “Canon per Augmentationem, contrario Motu”: средниот глас е слободен (повремено ја пее кралската тема), додека другите два гласа еволуираат во канон, над и под него.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Некои од правата што тие ги имаа согласно Законот за вработувањето од 1987 година беа целосно укинати, додека други претрпеа промени кои главно беа неповолни од нивна гледна точка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И додека другите попови насекаде пливаа во изобилство нашиот нов поп Петко немаше ни грне во кое да свари грав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но таа го виде само едното дете прободено, додека другите две свекрва и успеала да ги скрие во кочината, та не ги нашле, и тие останаа живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кутрата Риса! помисли Чана и веднаш се загна да го крева, додека другите, плукајќи наоколу, го празнеа кругот без да се обидат да ѝ помогнат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во првата фаза беше одредено да се евакуираат децата, жените и старците, додека другите ќе останат во селото до втората фаза за да не опустошат куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И така еден ден, додека другите играа топка, јас се искрадов низ оградата и по писокот ја најдов железничката станица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- му подвикна Нумо на Кузе кога забележа како им се доближува со чекор на загар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седам покрај распалените цепеници и, додека другите војници од водот дремат покрај оганот, јас на светлината од растреперениот пламен со вкочанета рака ти го пишува писмово.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вечерта дојде и стрико му на Зоки. Додека другите се поздравуваа, Зоки гледаше во неговите раце. Но, тие беа празни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Додека другите спијат сонувајќи убави нешта, обземени од болно сладострастие, вршулејќи на полноќниот мраз, тие ги заведуваат добрите, простодушните, со игра која води до слепило.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Според нив, "Павелиќ во Загреб и Недиќ во Белград се согласиле дека Југославија била премногу вештачка креација за да може да опстане како една држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А некои од изолационистите, пак, се раководеле единствено од чувството спрема мирот и од убедувањето дека САД не се во непосредна опасност, додека други изразувале теснонационалистички сомневања спрема сите туѓи народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Расправата меѓу приврзаниците на едниот и другиот комитет добила големи размери, така што тоа, кон крајот на 1941 година, придонело да не може да се согледа каде ќе ги одведе САД, кон продолжување на помошта на сојузниците или кон пасивно посматрање на европскиот судир.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Една од нив уживаше привидна независност додека другите од нив беа поделени меѓу Германија и нејзините сателити, Унгарија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А еднододруго се и речиси во ништо не се разликуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, гледај ги ти кафулињата во нашиот трговски центар, па ќе забележиш, едни се сосема празни, додека другите се преполни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)