додека (сврз.) - така (прил.)

И додека така седеше, увото, навикнато да ги фаќа и најлесните шумови што ги раѓаше белата снежна тишина, дофати далечен виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тогаш се слушна завивањето на Макс, растегнато и болно, како тажаленка на месечина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И додека така размислував, во одајата на Филозофот, без да тропне, влезе логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)