доколку (сврз.) - бев (гл.)

Но кога, поради својата приврзаност кон Октомвриската револуција и СССР, ќе настрада како жртва на Информбирото, ќе одлежи четири години затвор и потоа ќе добие некаква маргинална служба, многу ниска со оглед на неговите несомнени научни и револуционерни заслуги, и покрај опасностите повторно да настрада доколку беа откриени неговите западни книги, ставени под индекс од тогашните сталинистички идеолози, Климент Камилски продолжи уште поангажирано да собира нови и таинствени книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговите зборови, изговорени во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, доколку беа кажани пред други можеше да се сметаат за дипломатски инцидент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, беше подготвен за секакво жртвување, дури и на животот доколку беше загрозен оној на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
3. И пак доколку беше таа, Рубина Фаин уште еднаш излезе пред моите очи, излезе од ништо речиси од некаква линија на мрак и полумрак, слична на нејасен кораб што расне од точка и се доближува низ темни гами додека зад него, зад неговата сѐ појасна силуета, останува повидокот без привлечност и без моќ да предизвика генуфлексилност за осаменикот на крајбрежјето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се разбира, не сакав да верувам во неговото за тоа време незамисливо пророштво.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира, доколку го познававте Енди, доколку бевте еден од, како што новинарите секогаш ги нарекуваа, “верните следбеници на Ворхол”, ќе знаевте да го разликувате прекрасното од прекрасно што значеше смешно, страшно, без основа,не е достојно ниту за презир.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)