доколку (сврз.) - бил (гл.)

Во својата информација до СО2 тој нагласил дека Михајлов никогаш не бил во Италија или во Албанија, а доколку бил во Германија, таму останал само неколку дена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа беше и времето кога Татко и Мајка конечно се договорија да им ги кажат на своите деца тајните од нивните животи кои, доколку биле кажани порано, можеле да бидат опасни за иднината на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу малку психијатри можат да бидат сведоци на вакво нешто сега, бидејќи процесот би се запрел или трансформирал со лекови и електрични шокови доколку бил примен навреме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас не знам што му стана нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На 13 јануари 1941 година Секцијата за Балканот при СОЕ го известила британскиот амбасадор во Бугарија, Рендел, дека Британците настојувале да воспостават контакт и со протогеровистичките елементи во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)