доколку (сврз.) - им (зам.)

Можеби некој подрзок наскоро ќе рече дека најдобрите уметнички дела кон крајот на дваесетиов век се производи каде што е видлив спојот меѓу убавината, имагинацијата и врвната технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модерната поп митологија ионака не се плаши од техно-демоните, бидејќи - што им фали на демоните доколку им служат на Убавината, Добрината и Вистинитоста?! 110 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работата се одвива во четири секции: програма, продажба (маркетинг), техника и менаџмент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На 17 април Едмондс многу кратко ќе го извести Каиро дека идејата за “независна Македонија само што влезе“.336 На 19 април Едмондс во радиограмот до Еванс го известува дека единиците на НОВ и ПО на Македонија би можеле да вршат напади на комуникациите во делот на Македонија под Грција доколку им биде испратена потребната помош.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога реков да им се служи алкохол само на посетителите, не претпоставував дека ќе пијат повеќе отколку што би пиеле лудите, доколку им беше дозволено!,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми си ги бришеше со марамче повраќаниците околу устата; доктор Гете продолжи: „А за изборот на костимот можам само да ве пофалам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И истите тие (Друштва на писатели, Институти, театри, зомбиевски списанија...) громогласно лелекаат доколку им се ускрати можноста да ги пласираат своите идентични ступидарии по 1001 пат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)