доколку (сврз.) - воопшто (прил.)

Чудно е зошто Анакреон молел да му се наслика неговата возљубена со нејзините црни плетенки и уште молел, доколку воопшто можело да се изрази тоа да биде насликан и мирисот на миртата што ја опкружувал.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Оваа можност, во зависност од приликите, ја прифаќаат и модерните истражувачи на сонот, доколку воопшто му признаваат смисла и можност за толкување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да замислиме, доколку воопшто е можно да се замисли таква наизглед бесмислица, дека зборот „јако“ во нашиот јазик значи и „јако“ и „слабо“ (dass das Wort “stark” in der deutschen Sprache sowohl “stark” als “schwach” bedeute); дека именката „светлост“ се користи за означување како на „светлост“ така и на „темнина“; дека некој пивото го нарекува “пиво”, додека некој друг го користи истиот збор кога зборува за вода; го замислиме ли тоа, сме ја доловиле необичната пракса со која старите Египјани обично се служеле во својот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Инаку не знам дали ќе речев: Навистина не би знаел што да правам со гордоста доколку воопшто нешто ми останало од неа!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да, токму така се изразив. И самиот не бев сигурен кому му ја испраќам и со каква цел оваа моја зачуденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе ја сокријам книгава во волшебната соба, доколку воопшто успеам да стигнам до горе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако песочната купа е рамна - тоа е состојба на подкритичност - зрнцата што паѓаат брзо наоѓаат некоја стабилна положба а доколку воопшто создадат некоја лавина таа ќе биде мала.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Медиокритетската и цмиздрава желба за сопствена потврда во очите на другите за нас не постои - постојат пределите на мислата, екстатичните полиња на дигиталната комуникација во кои секој се прифаќа и доколку воопшто се вреднува тогаш тоа се прави исклучиво според неговиот интелектуален производ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И според ништо друго. интелектуална кооператива BASTARD okno.mk | Margina #32-33 [1996] 12 Роберто Гонсалес Eчеварија БОРХЕС И ДЕРИДА Margina #32-33 [1996] | okno.mk 13
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)