дури (сврз.) - еден (прид.)

Дури едната плаче, вели Оливера, другата ѝ го секне носот, ѝ ги брише солзите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помина во очаеност и хистерична нервоза, дури еден ден не ја најдоа под пенџерето здробена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури една сабота иде кај Пушмарка, Долзите, Зојчевци, Даута, Желчевци и други прилепски баздриѓани претставител од Челебон од Витола, Аврам Ароести од Скопје, другата сабота идат од Фараџи од Битола, Давида Леви или Мушон Кастро од Скопје и со дикат им ги прибираат, околу ужина, собраните лири и наполеони на прилепските трговци, а овие прават нови порачки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)