ем (сврз.) - да (сврз.)

Ах, шо убо: ем да правиш нешто шо и онака го сакаш, а плус и парички да си заработиш!“ Томето досега немаше работено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Сепак“, вели авторот, „ме интересира како може нешто ем да е лага ем да е вистина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најпосле смисли итрина: ем ништо да не биде ем да го предаде Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да те најдам, изгубен мој да завиваш од радост да немеам од чудо. од што ќе одекне мојот молк планините да се огласат ем да ечат, ем да квичат да не би да се откажеме од нив!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)