ем (сврз.) - ќе (чест.)

Јас си веле, стари се, срчка да и вате, нема да раѓаат, та, ем ќе си има работница во куќата, ем малчокот и сега сермичка ќете да остане на виа, мојте дечуманци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, чорбаџи Дано ќе платит за тебе триесет гроша арач, а ти ќе пуштиш еден од деците кај него до Гурѓовден, ем ќе ранит чорбаџијата, ќе обуват и уште некој грош ќе придадит да го купиш сол на други деци, — вели Чатлакот и му се обрнува на Дана: „Ајде, Дано, кажи колку ќе придадиш на Дрманче за детето до Ѓурѓовден?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Ете ти две среќи" — си рече сам со умот, — „ем ќе правам ќефот на валијата; ем ќе лапнам некоја и друга лиричка", та го удри Јована по рамо — дури филџанот со кафето му го истури на масата. .
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ако кажете инаку, ќе ви речат зошчо не дојдоте вие, некој, да сторите абер" — им рече Илија горе на трупарите, та така со таа обмана, ем не го издаваат Толета, ни Илија, ем ќе бидат оправдани пред потерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ногу убаво си а скроил — и му ја стисна подадената рака на Илија, кој го поведе и им го претстави на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ќе си лежам под дебелата сенка на селскиот чинар а младата невеста со прачка добро обрасната со шиироки лисје, ем ќе ме лади, ем ќе ги тера мувите од мене...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ем ќе се ожениш, ем ќе обезбедиш егзистенција, ем решаваш станбено питање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ем ќе ме чува по цел ден, ем не ќе мора да ја плаќаш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дрмон ќе ти ја направи куќата - ем сѐ што ќе најде ќе ти изеде и ќе ти испие, ем ќе ти ја испреврти куќата. И како да не бил тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш Тефик пак ќе му дојдел и ем ќе го претепал ем пак ќе добиел работник уште за некој ден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)