затоа (сврз.) - и (сврз.)

Знаете, така тврдат и најголемите психолози, дека кога сте онеспособени да се изразувате креативно (каков што е случајот со мене, затоа и ви се доверувам), вашата потисната, потенцијална енергија, ќе премине во кинетичко деструктивна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што повеќе го запознаваат, тоа сè повеќе се забележува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Фала му на Еросот, затоа и сепак, за одредените мали задоволства, како што беше лежерното водење љубов порано денес, на крајот од попладнето или на почетокот на вечерта, како годе човек да гледа на тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Затоа и денес сечат вени по најразлични бараби од политичката, музичката и целата квази елита...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа и ателјето му беше само за в шупа, а не за висококатна мансарда со еднособен проширен стан во кој, покрај тоа, ќе живее семејство со деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа и предлогот на Пенча ми се стори занимлив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа и не може да се зборува за естетичност во јазикот, дијалектите и говорите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа и не смееме веднаш да ги отфрлиме како лага гласовите дека тој го пренел тутунот во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој можеше да се преправи во тој брат од простата причина што вистинскиот брат по некој случај останал во Амакава во моментот кога „црниот брод“ со духовничката дружина испловил на морската шир.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој Исус ноќе `рзнува и ги прогони соседите. Затоа и не е Исус од мајка гулабица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
15. АРЕН МУ Е ЗБОРОТ, НО ТИКВЕН МУ Е ГРОШОТ - зборот тој не го рече, а грошови ко дожд врнат, па затоа и поизмеша што е добро, а што лошо и што беше лага бела, а што е, пак, вистина црна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Пазар во Прилеп е сабота, затоа и нема Евреи тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој беше прв на ранг на групата, затоа и не дозволуваше некој да го натпревари во одењето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Му ја знаеме цената на ѕидот. Затоа и ти дадов капар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Извињајус“, ќе додадеше сосема тихо и смирено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар тоа доволно не објаснува од каде сум“, ќе соопштеше со некој нагласен патос уметникот - Генерал, и наеднаш ќе се сепнеше и самиот изненаден од големината на зборовите што ги изрекол, па затоа и ќе се насмееше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не смеј се! Навистина си таков. Мажиште! Затоа и се прашувам: дали се сепнуваат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)