затоа (сврз.) - пак (сврз.)

Во овој град на Меза постои стара црква од петнаесеттиот век, но затоа пак во Лиеж, во црквата „Сан Бартелеми“, се наоѓа казан за крштевање, изработен од дванаесеттиот век од мајстори во Уј, кој по својата уметничка вредност, како што пишува во книгата, се споредува со многузначајните дела од времето на италијанската ренесанса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но затоа пак требаше тој да се грижи за нив: леб, вода, лук, кромид, што требаше тој носеше од дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)