затоа (сврз.) - не (чест.)

Затоа не очекувајте претерано компетентна студија во врска со фудбалот во СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа не им верујте на пазарџиските преваранти кога ќе ви кажат дека ракијата е домашна затоа што е немогуче да продаа 500 кила месечно, а тоа да биде домашна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И затоа не можеше да се уподоби Христу, без разлика што читаше дење и ноќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Синоќа овде доаѓаше Чана, донесе чорба од петлето на баба Петра, ама оти се зафатија со пиење на чорбата и брзо им се изгасна свеќата, не ја запалија повторно и затоа не распулија околу.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)