зашто (сврз.) - ја (зам.)

Читајќи го Вител во Витлеем, таа моја наклоност и симпатија станаа уште поинтензивни зашто ја запознавав онаа другата која во својата обилна наративна игривост се откриваше како раскажувач што умее да го поттикне, да го фати за опаш, да го насмее, и тоа повторно и повторно, читателот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но зашто ја ви наумвам, клетички девојки, наше славно време, старо, наша прежна доба?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Дебелеењето ѝ започнало уште од малечка. За тоа најмногу допринела мајка ѝ, жена му на Илко, зашто ја доела прекумерно долго - цели седум години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И пак не затоа зашто ја смени верата толку лесно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молчи. Сигурна во себе зашто ја научиле за одбрана пребрзо да извлече од ученичката торба пиштол и да пука во месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пукав, мој Пандо, и не сакав да ја слушам наредбата за повлекување, зашто ја бранев полјанката под Камна, ги бранев камењата, со Кироловото писмо, го бранев и пламенчето на свеќата за да не згасне...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Надвиснати над неа, над тутурката, главите на сојовите отпрвин ништо не разбираат, но после, откако ја препознаваат Потковицата, и зашто ја гледаат нарисувана, силно се возбудуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)