зашто (сврз.) - јас (зам.)

Чувајте се, јас ви го велам ова, зашто јас го видов и го правев тоа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но од мене не можеш да се скриеш, зашто јас имам моќ и да те сонувам, како што тогаш те привлеков а и да ти дојдам во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На овие Водици најинтересно ни беше да чуеме како ќе пее попот, зашто јас и моите врсници дотогаш не знаевме што е црква со поп.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа брзо се смири, зашто јас се насмевнав, успевајќи да се совладам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секоја квечерина ја праќам на спротивната страна за да ми го продолжи родот. Зашто јас сум осуден на умирање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме утеши малку стариот другар, Специјалист за чудни болести, зашто јас, после тој кус разговор постојано сам се утешував повторувајќи: „Тоа заболување е сè уште надежно, надежно, надежно...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овие наши чести патувања можевме да си ги дозволиме, зашто јас ги земав авионските карти за симболични цени, привилегија што ја имав како вработена во авиокомпанија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И тоа се случи овде, во овие темели, и сега и во ова време, зашто јас сум од ова време и од ова место.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа само за миг ме држеше за рака зашто јас не се покажав доволно маж да си ги зачувам за себе моите страдања.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По многу време, учејќи дека уните не се надеваат, осознавајќи дека позанимлив станува разговорот порекинат од ветрот – почиста станува и мислата: никогаш нема да се возобнови ништо што не било меѓу нас: заборавот ќе нè заобиколи, прозорците ќе се затворат сами, а ти, скриена во некој збор, одново ќе се покажеш зашто јас не те измислувам – јас тебе те откривам: ведро ѕвездена вода за еден жеден човек до век!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Јас, каков што ме дал Господ, бев готов да се спротивставам во Комитетот против начинот на кој работеше Сврделот, ама не можев да се решам зашто јас бев, да си признавам, помамен по сестра му Гала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одбива само кунг-фу,зашто јас еднаш го удрив со ногата по стомакот и зашто многу врескам кога напаѓам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секако јас, зашто јас сум тој што згрешил. „Молам, простете ми... згрешив... јас...“ пелтечев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој ме повика и ме искара, зашто јас сум ѝ дала цела чашав вода да се напие.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За ова веднаш потоа ѝ раскажав на Добрила а таа на шефот Кузе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Господе, Боже мој!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И ете, јас го започнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Познаникот воопшто не сфати на што се должеше таа моја миговна растревоженост зашто јас набрзо се средив, тргнав пеш со него, ја минав “мојата” зграда и по малку човекот се поздрави и тргна лево кон руските згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Николај Чудотворецу, угоднику Божји! зашто јас немам такво палто!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првите мои чекори беа сврзани со основаното од нас списание “Сатирикон” и јас досега го сакам како сопствено дете, тоа прекрасно, весело списание. (Годишна претплата 6 рубли, полугодишна - 3 рубли.) Неговиот успех напола беше мој успех, јас сега со гордост можам да речам дека редок е културниот човек кој не го знае нашиот “Сатирикон” (годишно 6 рубли, полугодишно 3 рубли.) Но, на ова место јас � приоѓам на најдоцната, најблиска ера и нема да речам, но секој ќе сфати зашто јас на ова место смолкнувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Не кажувајте ми дека сум добро, дека настинката минала, зашто јас, докторе, сѐ уште се чувствувам лошо! Ха!“ се засмеа тој на својата вообичаена шега.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)