зашто (сврз.) - дедо (имн.)

Тие живеат во истата улица, три-четири куќи подолу и јас обожавам да им одам на гости, зашто многу ги сакам и зашто дедо Роман секогаш има во фрижидерот резервни чоколатчиња „Животинско царство“ и сокчиња, во секое време подготвен за детска посета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разочарав малку, но немав време за размислување на таа тема, зашто дедо ми ме натера да нсалушнам внимателно како се засилува шумењето на реката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зашто дедо Геро многупати знаеше што треба да се стори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа ни се гледаше лесна работа зашто дедо Стефан требаше да оди со неговиот ѕевгар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мислеше: ако сѐ уште го најде жив дедо му Тренко, ќе го задави: зашто дедо му беше виновен за сето она што му се случи на Тасета.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште на заминувањето за Франција, Тасе Шаин сакаше да си ја земе фамилијата со себе и да се пресели да живее таму.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Момченцето гореше од желба да го отвори своето писмо, но не можеше, зашто дедо му беше повеќе од нестрплив да разбере што му пишува доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зашто дедо Геро и не се сложи со некои селани кога рекоа ако не можеле да го убијат Лумана, тогаш зошто да му проштеваат на Бошка Манев кога тој секогаш им е в раце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)