зашто (сврз.) - куќа (имн.)

- Знаеш, ќерко, баракава ми ја дадоа зашто куќата што беше скоро за паѓање ја урнаа, а сама во неа не ми се седи. Па, ете, така, ќе си седиме со Марина.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Поточно, ние така го сметаме, зашто куќата му е во оној дел каде што се и нашите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можело да се гледа зашто куќата е горе на брекче, над некогашниот пат, кој е сега долу покриен од водата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога ќе влезеа в село гостите од Брезница во тајфа, децата со врева ќе потрчаа напред и тета Сандра, зашто куќата им беше овде на патот, ќе ги чуеше клакарчето на Шишмана, знаеше дека нејзините ѝ идат на гости.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)