зашто (сврз.) - пат (имн.)

Нè одведе Ерменецот во персиското козулато, не запишаа, ни дадоа виза персиска, потоа побаравме и во руското конзулато руска виза зашто патот беше преку Русија и по неколку дена кога се исполни бројот, нè зеде Ерменецот и тргнавме по Црно Море.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам дали тоа е од некое предубедување, зашто патот водеше преку петролејските полиња и рафинерии, притиснат уште со тешкото есенско сонце, но воздухот мирисаше на петролеј, на нафта, на бензин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Луѓето ретко се решаваат од Јесенице во овие дни да минат во Австрија, зашто патот води низ врвовите на Алпите, и може секогаш да изненади магла, дождот, па и снегот, и тогаш во оние кривулести и стрмни серпентини не е воопшто пријатно патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во летните месеци на овој пат тешко се разминуваат коли, зашто патот е преполн со туристи од Европа и од други места, кои бараат место за одмор по северното крајбрежје од Солун кон Драма, Серес, Кавала па сѐ до грчко-турската граница кон Деде Агач, односно Александропулос.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но ништо тоа не помогна, полицајците останаа на своето, а сам Ѓоре, после расправаше, во еден миг помислил или да им избега или да ги остави да го затворат, но кога размисли подобро, се откажал од тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Движењето и без тоа е тешко, зашто патот се извишува и се спушта низ разни височинки и свиоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Радувај се зашто патот е поважен од целта.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не само што не можат тројца мажи, колку и да се тие силни, да ја качат бомбата на воловска кола, рекоа, туку таа, зашто патот до Црн Камен и оттаму до Прилеп е нерамен, полн дупки, при најмал потрес може да експлодира па да ги убие и луѓето и воловите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)