зашто (сврз.) - во (предл.)

Сега несетум се плашевме уште повеќе од иднината, зашто во неа покрај стравот од смртта на татко ми и мајка ми, беше содржана и смртта на нашето козле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ништо друго не ми е поважно зашто во зборот воомјазија е содржан клучот на мојот проблем.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа е направено едноставно и топло, се раскажува како кога се прикажува бајка, но мајсторството на писателот и педагогот тоа го прават така зашто во него не е ништо измислено, туку сего тоа некогаш било и како такво треба да се знае ида се помни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓу нив се шеснаесетте кратки стории низ кои хронолошки е проследен животниот пат на јунакот по кој се препознава и се идентификува Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Да“, вели, „мора да беше дванаесет и петнаесет, зашто во дванаесет и десет...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А сепак, на крајот од краиштата, останува и претпоставката дека бил „фрлен скраја...“, како што пишува Нико Кочо, зашто во моментот на неговата смрт голема била омразата и желбата на селаните за некој вид линчување“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план.  Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Разбираше дека во Германија притисокот врз Евреите од шлагер на острастените национал-социјалисти, брзо се преобразуваше во строг марш врз судбините на неаријците врз кои се преземаа актите на сѐ поизразено државно насилие, но не разбираше што Софија има со тоа, особено зашто во германскиот модел меѓу неаријците се подразбираа Бугарите меѓу другите Словени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„*Ако не успееме, јас ќе ги следам тие кутри луѓе, каде и да решиле да ги носат.*“  Карер помолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На овој чекор се решив за да спечалам пари, со кои ќе изградам куќа, во Делчево, зашто во селото нема да се враќам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Студеникавите септемвриски дни добредојдоа за софијанци, зашто во спарноро лето градот така го нападнаа комарци, што стана проблем како луѓето да се ослободат од нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Митре, да чуеме што станало потоа... „Потоа, потоа“ - почна да се присетува Митре, обидувајќи се да продолжи напамет, зашто во тетратката немаше напишано ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Фрлањето на лопатата беше непромислена постапка, зашто во оваа снежна пустина дрвената лопата му беше добар сојузник, па се стрча и забавта преку дебелиот снежен ѕид, што го беше изградил, расчистувајќи го патчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Легна, иако не му се спиеше, легна зашто не знаеше што да прави, зашто се чувствуваше празен, опустошен, зашто во ништо веќе не можеше да верува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И не можеше во ништо да почувствува задоволство, зашто во сѐ брзаше, сѐ доаѓаше едно преку друто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа и не беше толку лошо и неинтересно, зашто во празнината што постоеше од тој дедо Велко па назад, Бојан смислуваше и сместуваше разни личности, разни настани од турско и пред турско време, одеше дури и до стари царски времиња, во што се помагаше со сето она што го беше учел по историја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со него секогаш можеше да помине неколку убави часови, да чуе од него нешто интересно, нешто ново можеби, зашто во планината сѐ течеше бавно и спокојно, нови беа само деновите што се нижат, времињата што се менуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Татко ѝ на баба Севда, тогаш уште беше човек кој добро се држеше на своите нозе за да му треба патерица, но ја имаше земено зашто во тоа време овде, по овие села, таква беше модата, луѓето од средни години натаму да одат на гости со патерица и во преплатата од џамаданот да имаат бројници со чие броење ќе си го одржуваат ритмот на достоинственоста на разговорот со домаќините.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не, си реков, црните луѓе никогаш не се афирмираат до издвојување зашто во таков случај тие би се идентификувале, и добрите стрeмежи на луѓето би ги ликвидирале.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јеротеј зашто во последново (време) беше набркан од Берово, се обиде да компромитира пред очите на мудирот Омер-ага десетина души од првенците на округот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И си додава во мислите И добро е што тогаш не се сети на тоа, зашто во стравот може ќе се излажеше и ќе застанеше, па заптиите врзан ќе го отераа на ујќумат, а таму...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можев да ги гледам тие очи, зашто во нив, макар и мртви, јас го читам оној прекор: „Ти ме уби!“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таа се залепи до Кети и почна да плаче зашто во неа почувствува женско мајчинско сочувство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој можеше да поверува дека таа испливала од сините морски длабочини - зашто во неа имаше нешто што го имаа сирените, имаше нешто подводно во целата нејзина појава - како да дошла од длабините на некој злокобен свет за да го намами и да го изневери, и откако го направи тоа, сега сакаше тој да го изеде тоа неверство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но на изложбата, пред да се запознаат со темата на “Големото стакло”, гледачите поминуваат низ една мала просторија со натпис “Хомофони” (зборови што слично се читаат но различно се пишуваат).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На прв поглед се чини дека оваа просторија е посветена на прегледот на литерарните изворишта на Дишан, зашто во една витрина е изложен примерок од романот на Рајмонд Расел, “Импресии од Африка”, и списанија отворени на страниците со фотографии на сцени од театарската претстава работена според овој роман.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Токму зашто во жариштето на предметот беше културната практика на машката хомосексуалност, а не нејзината сексуална практика, предметот не е ограничен само на слушатели кои се геј- мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да, треба да се памети, да се памети зашто во паметењето сме такви какви што бевме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу е многу и тешко е да се раскаже тоа многу колку е многу, зашто во тоа многу има и многу болка, страдање, плачење, офкање, лелекање, пцуење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбравме? - нѐ праша со укор во гласот. – Простете - рече - јас ќе одам зашто во ресторанот ми се порачани сите маси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Навечер наведната над книгите, понекогаш се загледував во нејзините пргави раце, кои сѐ со успех завршуваа и неосетно чувствував како ми стануваа драги тие нејзини раце, зашто во куќата сѐ убаво доаѓаше од нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По начесто сум во Адот, зашто во него ми е како и во животот на земјата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имајте го тоа на ум, Господине Поету, зашто во сегашно време славеите не им се нужни на поетите, туку кутриња-сокли кои ќе можат да ги одбранат, да ги заштитат нивните кревки тела и тажни души од волците околу нив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарија пак е нужна за Македонците, зашто во неа Македонците ќе добијат место и ќе експлоатираат со нивните „бугарски” чувства.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
117. Ова искажување не е сосема точно, зашто во Бугарија Македонците работеа „во полза на Македонија” и многу порано, уште веднаш по ослободувањето на Бугарија од руската армија (1878).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
70. Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И што можам јас против оној на кого ниту огнот не му може ништо, зашто во чадот ја собира својата недофатлива сила?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но кога ја подотвори вратата се штрекна и пак ја затвори, зашто во училницата седеа други ученици.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Зашто е тоа така?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Токму затоа, господа слободоумци, зашто во вршењето на државната дејност униформата, така да се рече, му претходи на човекот, а не обратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зборот гозба за Рада беше најсмирувачката комбинација зашто во последно време секогаш беше гладна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го деградирале, а кога му ја давале партиската легитимација, му рекле: „Варди, зашто во оваа книшка нема да има место за да се запише уште нешто ново. Ни за најмалечка казна Ги имаш досега за тројца...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бродот чека и ќе чека, зашто во неговото присуство се таи нешто големо и важно, она што го тера да се рие сега во мракот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако овој го погледна бледо (зашто во тоа кафуле има понуда од три вида кафе и еден вид чај, кој само јас го нарачувам), се договоривме што ќе се пие и што нема да се мези.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не им се посреќило зашто во кафеаната „Косово“ на патот кон Турција цел автобус стоеше и ги чекаше дури се празнеа по приколките во планината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И враќањето почнувало како и поаѓањето: вкочанета старост со прекрстени раце и труп на оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури сега, додека го пишувам ова, се сетив дека никогаш не го дознав неговото вистинско име, зашто во Барселона го знаевме само под неговиот уметнички псевдоним: Сатурн Волшебникот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Замрзна седефот, зашто во мислите го врзуваше со некаква студена пустош и осаменост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Однекаде во него се зацврсти оваа мисла: секое човечко дело и секој збор можат да донесат зло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа таа ноќ се задоволи ѕвонејќи само во Сарагоса, но поспаната баба без возбудување му одговори дека Марија си заминала по ручекот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Којо Пипиле кога дозна дека ќе се венчаат, му рече да не ја зема Марија за жена, зашто во неa има нешто кобно, фатално: досега ѝ умреле неколку мажи што ги имала. А пред да ја земат биле здрави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сега оваа куќа во очите на Климент Камилски стануваше историска зашто во неа требаше да се водат големи битки за спасување на балканските јазици од задржаните османизми кои можеа според неговото убедување да им наштетат на балканските народи, кои најпосле добија свои држави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но да се следи историјата на целиот тој период, да се каже кој се бореше против кого во секој даден момент, беше сосем неможно, зашто во ниту еден пишан запис или изговорен збор не се споменуваше ниту едно друго сојузништво освен постојното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше дури ни да се повлече, изговарајќи се дека дошол да го позајми Речникот, зашто во таков случај беше неможно да се објасни присуството на Џулија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш нетрпението дури надвладува, зашто во таквиот случај, просторот за излевање на нашата агресија е ограничен на една точка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А мачката? Тоа беше мачно: да ја оставам можеби е добро, зашто во нејзина куќа ја оставам, како што една мачка си сака, да ја земам, ќе биде добро, зашто би била згрижена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И учителката Нада ми дала слика да ѝ увеличам за спомен што најверојатно и сум го направил, зашто во исто време и ме пофалила дека одеднаш почна добри состави да правиш!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пролетта стаса нова вест дека Франција го менува својот став и дека до Конференцијата на амбасадорите доставила нота во која истакнува дека причините што ги наведува Кралството на СХС се такви што треба да се земаат во предвид зашто во правниот јазик: изразот „до“ - зад кој следува име на место - имплицира дека тоа место е исклучено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ние бевме фасадата зашто во тоа време имаше луѓе кои немаа некоја функција, но чие влијание во донесувањето на одлуките беше чесно не само поважно туку и решавачко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас бев против комунизмот зашто во комунизмот на власт беа едни арамолепци, едни недоквакани, ем ништо не правеле, повеќе лошо одошто добро, ем се топорат како волот дома да ми го дотерале.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали тој за тоа беше в затвор или поради нешто друго – не знам да ти кажам зашто во тоа време изгледа се случи и едно ограбување на некоја продавница, дали во Брезница или во Ливаѓе – не знам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А со оглед на тоа дека во овој роман станува збор за едно езеро и за браните што го загрозуваат животот, може да се помисли на една друга книга, Збогум на Матиора, од Сибирецот Валентин Распутин во кој една руска селска заедница, во советската епоха, мора да го напушти своето родно огниште, зашто во името на индустријализацијата и на одлуката донесена многу далеку одовде, нивниот крај ќе биде потопен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Му треба кутивче зашто во него држи едно камче.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби и затоа зашто во она оддалечување на Катерина јас бев само набљудувач.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа плачеше кога ми ја соопшти оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да се најдовме на истата патека зашто во следниот момент ја слушнав мојата забелешка за смртта на Самоников изречена токму од него: „Имам слушнато” објаснуваше тој “дека понекои злобници тврдат оти љубовта кон Јана била причина за неговата смрт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Само знам дека многу те сакам - ѝ реков не само за да ја утешам туку и затоа зашто во тој момент почуствував дека и вистински ја сакам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа беше учесникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Развеј, развеј го како знаме, зашто во него е впиен правот од сите боишта на Грамос и на Вичо, од сите планини на Македонија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Оф, проклето брашно, - воздивна гласно и се помести, зашто во тој миг спроти него полека доаѓаше ноќниот чувар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Верувај ми, во секој напишан збор е животот зашто во овој пекол ретко се избегнува смртта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подобро нека ти го гледаат срамот одошто да крадеш, зашто во куќа каде се краде, - напредок нема!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но сите одбија да влезат внатре, зашто во градината околу куќата беше толку убаво и свежо, што никому не му се влегуваше во затворена соба.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите деца му поверуваа, зашто во извидничкиот одред тој беше најдобриот во пронаоѓањето на разни траги.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не е случајно што фил­мот е снимен според мотивите на два раскази на Somerseth Maugham за „Ashenden” (алтер-его на писателот, зашто самиот Мом во текот на Првата светска војна работел како анг­лис­ ки агент и во 1917-та година бил испратен во Русија да ги спречи болшевиците да ја преземат власта!): Мом и Graham Greene беа оние кои меѓу двете војни го извлекоа шпионскиот расказ од црно-белите патриотско-садистички визии и внесоа во него момент на трагичното егзистенцијално искуство: шпионажата е валкана игра затоа што во неа, во име на патриотските „високи цели” не се манипулира толку со туѓите, колку со сопствените агенти, така што честопати одново нè присилува темелно да ја испробаме „човечноста” на другиот од другата страна на политичко-идеолошките разлики, некојпат и во трагичен облик зашто во име на тие разлики принудени сме да го негираме тоа „човечко”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Главниот лик Роџер Торнхил се наоѓа на рецепци­јата од хотелот што е под присмотра на руските шпиони зашто во него е пријавен Џорџ Каплан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но за мене тоа име не е безначајно, зашто во себе чува дел од моите спомени.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јадеа безволно зашто во жештините апетитот е нула.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Јас би сакала да ви го препорачам читањето на книgите на Луан Старова зашто во нив ќе го откриеме она што ниту еден од медиумите кои секојдневно н информираат не ќе може никогаш тоа да ни го раскаже.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој посебно се внесуваше во третата и втората група зашто во нив беа јазиците што ги зборуваше и кои му беа блиски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ви пишував, ви ја допишував, почитувана моја Елен Лејбовиц, книгата Атеистички музеј, зашто во вас открив не само голем и незаменлив читател, туку и нешто многу блиско во вашата голема моќ да ме разберете, да ми се придружите во меандрите на страдањето во едно минато што оставило траги во душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Особено фрапира фактот дека прашањето на Македонија се чини дека станало, да речеме за специјалистите, можност да се промисли тоталитетот на балканското прашање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И никој дома нема да ти влези зашто во семејстовото веќе не се слави именден.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Оди низ наметот, зашто во мракот и виулицата можеме да го згрешиме патот... - рече Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со чудење и недоумение го гледаа луѓето зашто во тоа време беше доволно книга да се види – па да биде чудно, а камо ли некој да се вдаде да ја чита.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
11. Поп Доне со Килета се смести во одајчето во даскалницата, владичкото, како што го викавме зашто во него требаше да спие владиката ако некогаш дојде да пее во нашата црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Па, - ја прекинав јас, - сето тоа не го напишав зашто во тој случај ти немаше да личиш на нормална мајка, а јас сакам мојата да е како сите други.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас не бев запознаена со тоа како треба правилно да ги стопирам членовите на штабот, зашто во оваа ситуација не можеше да важи вообичаениот поздрав, па си решив ќе правам по свое.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веднаш потоа ја симнав униформата и се преоблеков во фустан и отидов кај родителите на Мане.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Првпат се сретнав со нив, но чувствував обврска зашто во текот на целото време во партизани, татко му на Мане ми испраќаше пари.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По некое време, се појавија неколкумина од штабот на дивизијата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Неколкумина Турци се проврткаа, му ги врзаа вилиците и палците на нозете еден за друг, а рацете му ги положија на мевот, па откако прошепотија неколку џенази според коранот, се тргнаа во другите одаи да каснат нешто од тоа што го беа донесле комшиските жени, зашто во куќата на мртовецот не смееше да се готви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ќе правам џамија”, рече наеднаш Петре и истиот час се загрцна, зашто во моментот го донесе решението.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)