зашто (сврз.) - градски (прид.)

На оние кои мораа да си заминат од видното поле на големиот брат Туку ај да се привардиме заеднички Да не зацапаме ептен во батаците на глобализацијата Има и повесели работи да се видат штом ќе се отворат очите Животот е едно бескрајно глобално море Во кое има место за давење на веселници од сите земји Кои во сите книги на исчезнатите ќе се водат како веселници Само ако претходно себично си приредувале Љубовно-еротски наслади и петпари не давале Што пишува за нив и за љубовта на лезбејките На белосветските ѕидови за графити Зашто градските варосувачи никогаш не доцнат.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)