зашто (сврз.) - друг (прид.)

Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Признај го моето, зашто друг излез и решение нема“ - говореа нивните погледи. А тоа и двајцата не го признаваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така го крстија да не фати урок, да им трае, зашто другите деца што ги раѓаше жена му на Китан, умираа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако неговата невеста ги завршела само половина од работите што тој ѝ сугерирал да ги направи, би дошла на мостот подоцна од времето кога стигнала таму, па сепак дури и тогаш таа би била прва, зашто другите сопруги на ѕидарите дошле уште подоцна.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Другар ми Ице (така се викаше пола Гевгелија, зашто другата половина беше женска популација) ми донесе бланко уверение и разгледница „Успомен из Џевџелије“, со сите знаменитости од тој град, меѓу кои, како најголем хотел „Југо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)