зашто (сврз.) - млад (прид.)

Во таков час тој секогаш некако вардеше да ја скубне, измислуваше секакви итроштини, стоеше на нога, коњчето го тераше да наведнува глава, да биде учено момче, да поздравува ученици, зашто тоа се многу учени луѓе, умни, зашто младите момченца се исто така едни такви добри коњчиња, благородни.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога излегов одовде, често мислата ми навраќаше на оваа аранжираност која, сметав, можеше да биде само плод на еден илузионизам, која нема никаква врска со стварноста, или пак беше белег на една младост која можеше да си допушти секакви лудории, па и ваква внатрешна аранжираност во диско-клубот, зашто младите само играа и одвреме навреме се честеа со мали чашки баварско пиво и тоа беше сè.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ама и овие ги собираат на „Лалели“, по сокаците од десната страна и затоа не се шетам навечер ни со машко друштво, зашто млада жена и со друштво лесно може со наддавање да ја собере нов „муштери јабанџи“, ако му даде малку повеќе од овој што те капарисал.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)