зашто (сврз.) - негов (прид.)

А некогаш наскоро и црква, велеа, зашто неговото првосвештенство се согласува со тоа и ќе настојува, кај султанот и секаде кај што треба, да добиете одобрение и за ѕидање црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Пред првото на камчето, Шишман ја фати со рака матарката зашто неговиот звук му изгледаше непристоен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа што „јас, сепак, на сè гледам како на поезија“, ќе рече авторот на самиот крај од книгата, зашто неговата душа свикнала стварноста на постоењето да остане негибната, да има тој со што да се бори, а не да биде доведена во прашање така што ќе биде променета и преобразена, во „милион варијанти“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Онаму каде што челото и коренот на носот се среќаваа, немаше вдлабнатина, и Даниел беше фасциниран од тој детаљ, зашто неговиот нос беше израмнет со челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зјапаше со празен и вкочанет поглед што не гледа ништо, зашто неговиот поглед беше свртен кон самиот себе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се почнува со Први и Втори мај. Трети ќе го сврзевме. А еден од долупотпишаните не учеше ниту на четврти зашто неговото ОЗТ се викаше Гоце Делчев.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да си го живееш љубовниот живот како мелодрама, свесно и намерно да правиш така, се разбира, не значи да одбиваш да го сфатиш сериозно – како што ќе ти каже секој геј-обожавател на Џоан Крафорд, а сигурно и секоја оперска кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, тоа значи да ја прифатиш неавтентичноста што е во средето на романтичната љубов, да ја сфатиш романтичната љубов како општествена установа, како идеологија, улога, изведба и општествен жанр, а пак истовремено, самосвесно и без самоизмама, да ѝ подлегнеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, тоа е да го правиш она што инаку е културно невозможно – односно, што е невозможно за нормалниот свет: да комбинираш страст со иронија.323 ‌Машката геј-култура, всушност, разработила особено, дисидентско гледиште кон романтичната љубов, камп-гледиште, кое стрејтовите честопати го сметаат за цинично, токму зашто неговата иронија – која ја нагласува изведбеноста на романтичните улоги – им изгледа дека ја поткопува сериозноста и искреноста на љубовта, а со тоа и ја омаловажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поимот сага е условно употребен во балкански и семеен контекст зашто неговата генеза потекнува од раскажувањето за исландските кралеви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откога беше сѐ готово, тие си отидоа дома и му нарачаа на Зоки убаво да ја чува накитената елка, зашто неговиот мачор може нешто да собори.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Службеникот од полицијата сакаше да знае дали може да добие повеќе податоци за кражбата. Сатурн ја хранеше мачката и, одвај погледнувајќи го, без заобиколување му рече да не губат време, зашто неговата жена побегнала од дома, а тој не знае ниту со кого, ниту каде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сретнавме во Маритма, еден популарен и валкан бар, во кој својата храброст ја покажуваше политичката левица во времето на залезот на франкизмот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)