зашто (сврз.) - нејзин (прид.)

Витоша сѐ уште заканува, зашто нејзините врвови се белеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ивона беше нервозна зашто нејзиниот пријател не беше тука за да ја испрати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се симнува да си купи сожалувања од улицата. Зашто нејзината утроба Не знае да расте.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кутра Невена! Кога наблиши кон седумдесеттите, некој од соседите се опита кај општинарите да обезбеди некоја социјална поткрепа, зашто нејзините, оние кои ја крепеа, си заминаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби зашто нејзината природа, онаква каква што беше, ја паметам уште кога бевме деца, ненасилна, со онаа склоност кон мисловност и мечтаење, се противеше на нивната трезвеност, на која тие беа горди.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Два или три килограми повеќе неможат да нè нагрдат - уверливо тврдев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не поради опасноста од создавање правила што ќе нѐ разделуваат во нашето однесување во исхраната туку затоа зашто нејзината загриженост ја сметав за неоправдана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се присеќавав на величината на Шарл Де Гол, на тој несомнен либертадор на Франција и Европа, соочен со предизвикот на владеењето на Франција, со земјата со која беше тешко да се владее, зашто нејзините жители имаа, како што велеше тој вкус за четиристотини видови сирења и уште повеќе вина, по големото недоразбирање со Французите и референдумот што сам си го препиша, во духот на демократијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така ќе направи, и со наведната глава ги тера говедата пред себе, се разминува со луѓе и само тогаш одвај поткрева глава да ги поздрави или да ги отпоздрави, ама тие ништо да не видат и да не сетат зашто нејзината мака треба само нејзина да си остане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, една вечер, снеможена до потиштеност, Марија со тивок глас ја праша жената од соседниот кревет: – Каде сме?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)