зашто (сврз.) - ниеден (прид.)

Жандармот секако не, зашто ниеден жандарм на светот не носел очила. Сум вообразил само.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто ниедна тајна не е толку голема за да не се струполи пред друга, поголема позначајна пред која понекогаш и човечкиот разум е несигурен и немоќен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но не со ред и за нас, зашто ниеден постар нас децата не нѐ почитуваше, за да седне да ни кажува нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не можеше ништо да каже, зашто ниедна кукла не знае да зборува преку ден.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)