зашто (сврз.) - многу (прил.)

Зашто многу ретко своите зборови ги ставаш на кантар. Ти прво ги кажуваш, а потоа се каеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
— Како, го прашувам. — Спасете ме, вели, зашто многу сум ве сакал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема да пишувам повеќе зашто многу ми се плаче кога мислам затоа низ што сме поминале...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)