зашто (сврз.) - постојано (прил.)

Татко велеше дека е речиси невозможно на Балканот да се состави вистинското стебло, зашто постојано некој ќе недостасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Под нас долу е езерото, но не смееме да излеземе од рововите, зашто постојано се пука...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу од сите - ти, зашто постојано тебе те имитира, и ти си ѝ најголемиот пример - и за добро, и за лошо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овде не се забележува кога почнува денот а кога свршува ноќта зашто постојано сè е отворено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто постојано да седиш така - не се седи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ние смртта полесно и поприродно ја доживуваме, зашто постојано се соочуваме со неа кога се пораѓаме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)