зашто (сврз.) - потоа (прил.)

А потоа, тропањето на грутките земја врз ковчегот за да се надвие лелекањето и оние последни погледи кон гробот што брза да се покрие себеси, зашто потоа свитата наеднаш ќе се растури.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не зашто потоа сосила беа натерани да влезат во колектив, туку дека за она што му се случи на Пената, тие беа земени на одговорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сакаше и нив да ги учи на месо, зашто потоа сигурно не ќе сакаат да јадат од лебот што уште го имаше, не ќе сакаат да јадат компири, што ако потраеше снежната опсада, ќе им бидат храна и нему и на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги виде ѕвездите и како да почувствува некое задоволство што им го гледа истиот оној распоред каков што го гледаше и порано како дете и младич, пред да замине од селово, зашто потоа, скитајќи по светот, секаде тој распоред - му беше различен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И како надолжно и напречно да поделиш и да одделиш делови за „ИН“ и „АУТ“ операција... зашто потоа, глеј, во дел од секундата, посакуваш да склопиш ЦЕЛО од „пазлите“ за ИН, зашто оние што на чудовиште му припаѓаат си ги запалил и станале сив пепел, а сликата е речиси празна, не препознаваш кој е на неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)