зашто (сврз.) - речиси (прил.)

Татко беше мошне рестриктивен во изборот на овие заемки зашто речиси сите, како и тие што следеа од областа на администрацијата, со падот на Османската Империја исчезнаа и во употребата во јазиците на новите балкански држави и во самата нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно мислеше на двете желки, зашто речиси веднаш додаде: Можеби токму бавноста го разубавува животот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
VI И конечно во еден период Татко согледа дека треба да го напушти својот проект да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, зашто речиси се изгуби во поглавјето за лавиринтот на балканското јаничарство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)