зашто (сврз.) - секаде (прил.)

Возам полека и веќе не барам порамни места од патот зашто секаде е дупка до дупка, локва до локва и не се знае која е подлабока и во која има повеќе или помалку кал.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Заминав, но многу се растревожив, зашто секаде окопните беа полни со вода и во таква морав да се засолнам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)