зашто (сврз.) - додека (сврз.)

За оваа критична работа јас сметам дека е крив другарот Едо Бранов поради своите подбуцнувања, зашто додека тој беше директор, квалификацијата можеше да ми ја признае тој, а не да не ми ја признае и после мене да ме подбуцнува против новиот директор од што беше љубоморен на него и од завист.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги пресретнаа одочесниците, ги вперија пушките во Јанческите, во Трајана и во Тодија, и им наредија: Оставете го човекот и вратете му ја фотографијата, зашто додека вие него со крстови по глава, ние вам крстови ќе ви насадиме на главите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)