зашто (сврз.) - не (чест.)

Во тие времиња ако беше земен на нишан, сигурно ќе те погодеа, зашто не се знаеше кој сѐ нѐ стрела, кој поради себе, кој поради козите, кој поради кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и да го бараше, не ќе го најдеше зашто не постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зашто не може да има збор за нешто што не постои. Како зборот стол, на пример. Зарем би постоел ако не беше направен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се разбира, претеруваше, но јас го оставав да живее со таа мала фиксидеја, зашто не гледав ништо особено лошо во тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но еве сега се истава од нејзиниот пат, зашто не може со обични зборови да ја домами необичноста, зашто и необичните си имаат секој свој пат и тешко се среќаваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тој се лажеше, зашто не ги познаваше неумоливите закони на љубовта, иако знаеше дека уште премудри Соломон рекол: „Можеш ли да си туриш жар в пазува, а да не ти изгори кошулата?“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зборуваше само натрапникот, зборуваше сѐ едно исто, упорно обраќајќи ѝ се на старата со „братучедо”,додека на Ване не му светна дека овој мора да е младиот Курназ, ама не можеше тоа да го провери, зашто не му го знаеше ни името ни презимето, а со прекарот беше ептен некултурно да му се обрати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека летуваа, ја беше паркирал во длабока сенка, дури и со половинки тули под тркалата; но, место тој, некоја банда ќе да беше ја позајмувала, барем ноќе, зашто не само што тулите ги снемуваше туку и од резервоарот беше исцицан сиот бензин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога се враќаа кон Гогов Валог, доктор Коста пееше некоја дамнешна песна, песна од неговото детство што сега ја отпрета од заборавот, инженерот Александар се потпираше врз карпестата снага на Кирил, зашто не можеше да го држи патот и се обидуваше да го придружува во песната доктор Коста, во што никако не му успеваше, а дедо Димо го креваше стапот високо над глава, им кажуваше нешто на буките, на ридјата, на тревките, а во душата му беше лесно и светло како одново да се родил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ПАНДЕ: Зашто не е Влашко... Од Америка враќаат!... (Продолжува да лапа). (Останатите, со лајците в раце, чекаат да им објасни).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во овој вид приказнава живееше сѐ до есента во 1871-та; тогаш, зашто не дојде татко ѝ да си ја земе, Драганка како што кажуваа Јанческите, на двајсетгодишна возраст се омажи за Анѓела (крстен на деда си) Атанасов Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа прво, второ: Јована Дамчески, зашто не беше христијанин и Турчин, го закопаа надвор од гробиштата, тука, на Бел Камен, и оттогаш Бел Каменсе вика уште и Јованов Гроб и Турчинов Гроб, а Видана и Ристана, дека беа христијани, ги закопаа, со поп, на гробиштата, и трето, првата, Јовановата и Росината приказна, се случила многу одамна пред триста, четиристотини години, кога Потковицата ја имаа завојувано и ја владееја Турците, а вторава, оваа со Видана, и сѐ што е во врска со неа, започна во Првното србско, во 1912 година, а заврши во Ворото бугарско, во 1943-та...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дека била станицата српска, и дека железничарите, Русите и Неделко Акиноски, на кого Србите во Првното србско, зашто не сакаа да служат војници кај нив, му убија двајца браќа, близнаците Ордана и Цветана, биле посрбени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, гоедските суви лепешки, развиваат таков оган, тивок, постојан и јак, и кој не бара стално да си врзан за него, зашто не постои опасност изненадеж да пламне или сам од себе да изгасне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Видоа дека не се плашам и ме поканија со раце да појдам со нив...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А за да биде сликата пострашна и зашто не знаев да цртам ветар (не бев видел некој да црта ветар), нацртав лав како нè брка и едно исплашено сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подоцна разбрав дека Пенчо успеваше во сѐ зашто не бараше ни пат ни начин во своите постапки, зашто до целта го водеше само јатката желба да го стори она што го сака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тагуваме, многу тагуваме зашто не можеме без нашите планини на Пинд.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние слушавме, гледавме ковчеже и златно клуче, гледавме, но не му верувавме зашто не знаевме дали тој буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никој не го спомнуваше „Чуварот на сонот“, зашто не знаеја за чудниот продавач на петли, од пазарот за пердувеста живина. Продолжувам да спијам, но не сонувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само болката по синот и молбите упатени до Бога не успеав да ѝ ги нацртам, зашто не ги бев чул. О, каков грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може да биде сосем спротивното на тоа што го реков јас погоре за комитетите, т. е. тие се готови да ѝ дадат на Европа секакви гаранции Македонија да не се соедини со Бугарија, но тие никојпат не ќе се согласат да се упразни во Македонија бугарскиот јазик и бугарското име во полза на централното македонско наречје и името „Македонец”, со други зборови, тоа што го реков јас дека имало само еден чекор од таа положба што Македонците и македонските комитети по македонското прашање се држат кон Бугарија, па до полното отцепување на Македонија и Македонците од бугарските национални интереси, не е право, зашто не еден чекор, ами цела пропаст го одделува едното од другото, и комитетите ќе покажат најсилно спротивставување на новото течење; 2) ако се допушти оти комитетите никојпат нема да се согласат со упразнувањето на бугарското име и јазик од Македонија, а заедно со нив против новото течење ќе биде и целата македонска интелигенција со бугарско образование, тогаш од каде ќе црпи сила за себе новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира оти се зачува само она што можеше да се зачува и што не сакаа да ни го земат, зашто не им беше нужно и не беше опасно за нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така, можеби некои Срби во моите расудувања за непостојанството на народното име кај нас ќе најдат потврда на мислите на проф.Миловановиќ, којшто докажуваше во „Дело” дека треба Македонија да се подели помеѓу балканските државички, зашто не претставувала ниту географска, ни етнографска, ни историска целина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марко и неговите поданици во очите на Турците не можеа да бидат Срби, зашто не им се спротивија и не покажаа таква воинственост против нив, каква што покажаа кнез Лазар и неговите поданици. 152 И така, до идењето на Турците кај нас ние трипати бевме прекрстени: 1.Словени, 2.Бугари, 3.Срби. Но со тоа не се сврши сѐ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
56. Бидејќи овие зборови им се упатени на членовите на МНЛД и на интелигенцијата надвор од Македонија, каде што постоеја извесни услови за слободен развиток на македонската национална научна мисла, тие имаат оправдување, но не можат во целост да се однесуваат и за македонската интелигенција што се наоѓаше во земјата, па ни за онаа во соседните монархии, зашто не постоеја ни елементарни услови за таква дејност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не премногу горчлива, се надевам, зашто не би сакала да го вознемирам твоето љубопитно око...“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Златко налутено го гледаше, зашто не му текнуваше кој го поткажал.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Побргу, зашто не ми се допаѓаат очите со кои ја гледа Луков.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој тогаш престанал да се клешти. Се потпрел на крива ластегарка како да ќе го престои животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воздивнувал зашто не умеел да чкрта со заби како Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Крстени сме и не сме без разум за да ти поверуваме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А покојников ти тежи зашто не живееше со татко ти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го ранија в грб, не в гради, зашто не беше свртен кон нив туку кон својот грев подаден пред него како мрачно предупредување дека е виновен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Другиот беше упорен. – Токму зашто не сум лековерен, сакам со свои очи да го видам исчезнувањето и воскреснувањето на розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парацелзус се исправи на нозе. – А каде сме, ако не таму?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оф, оф, оф, денес сум за никаде, тики да си седам и да си пекам од болки...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, кротката и молчалива млада жена не го ни прашала од каде толкава тага, зашто не сакала да го принудува да ѝ се исповеда, ниту пак ѝ требало да знае што мака го мачи за да го теши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таков и бев, зашто не сакав со подбив да му одговорам на таванот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не слушај ги, - рече куќата што воздивнува. – Таванот и подот во мојава одаја се такви.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ако направиш некоја грешка, опрости си себеси, но гледај тоа простување да не биде често, зашто не ќе има важност...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неочекувано се сети на плачот Еремиев: „Меѓу сите оние што го сакаа, тој нема утешители.“ И зашто не можеше да заспие, разговараше со себе и во себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ни чекорот кон длабока и непозната бездна. Ни заедничката Марија на која ѝ удри печат курва, зашто не беше и твоја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко замислено го слушаше Камилски, загрижен зашто не можеше да понуди решение, но сепак се огласи: Кодошењето било и опстанало во сите времиња на човековиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И обајцата беа согласни со тоа дека во лексичкиот фонд на секој природен јазик постојат домашни и заемени зборови зашто не постои јазик во изолација, не постои јазик кој е чисто свој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се наоѓаше во една ќелија која можеше да биде темна или осветлена, зашто не можеше да види ништо друго освен еден чифт очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој рече дека така секогаш правел, зашто не сакал да оди секој час угоре-удолу како оној Методија од Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Телото, и просторот, се разбира, зашто не може да има анимално тело без просторно тело.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А тоа не можеше да го направи зашто не можеше да достигне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
О, зашто не забравам млади години, Детинство, најхарниј дар, Кичести полета, зелени градини, Младиј сос овци овчар!
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Прашањето е познато и за него е пишувано, зашто не е мал бројот поети што го имаат тоа искуство и што го доживувале истото искушение.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„До лани одев, ама сега не одам зашто не можам да го поминам првото одделение.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Умираш на рати зашто не знаеш да се бориш. Стануваш пасива на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа е лудо. Јас не можам да плачам, зашто не знам каква ќе биде иднината, можам да бидам само оптимист.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Мијте се добро зашто не се знае кога ќе заврне пак...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога го напаѓаа него, се чувствуваа, вистина, повиновни, зашто не го послушаа советот на деда Гера.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А и луѓето го знаеја и го сакаа, зашто не од едно зло ги спасил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто не сум будала само да ’рмбам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Да речеш, ние го облекуваме, а тој само: на рака, на нога, на шија!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Книгите на вашиот татко, клучевите и огледалото на вашата мајка се здобиле во извесна смисла со жива душа со оглед на вредноста што овие книги, овие клучеви и ова огледало ја имале за нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа тогаш се обидува да ви го објасни тоа што не може ниеден друг збор да го изрази, додека вашиот татко го слуша разговорот без да се вклучи во него...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Би ми било тешко сега да се сетам на пасажот, зашто не знам во која од вашите три книги се наоѓа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие, пак, го толкуваа плачот на С сосема поинаку: - Глеј го, се лигави зашто не успева да му закачи цицки на снешкото!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Молчиш? Молчиш зашто не сакаш да мислиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под звездено стебло колку што трае Бог ќе чекам зашто не чекам само за себе да видам како се здружуваат коските на едно исто тело, како се извишува в троено делото на нејзиното величество – Татковината!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас во тоа време многу ја мразев баба ми и сите други зашто не сакаа да ми помогнат да ја откопаме мајка ми. Чувствував така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко ми сепак дозна за тоа, ме искара зашто не сум му кажала, дури ми рече: Немој да ја сакаш, штом е таква сестра ти.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оздола доаѓаа луѓе, старци, жени некои ги носеа на грб зашто не можеа да одат, а најголемата врева доаѓаше од воловите, коњите, козите, кучињата што останаа заробени во селото: се измешаа сите гласови и се слушаше нешто страшно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Разни бадијалџии, редум со амали и ѓупци, и со секаков друг џган, се кикотеа одвај во неговиот врат, зашто не достасуваа да бидат високи како него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Тоа не е убаво, - ѝ велам, зашто не знам што друго да и одговорам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малчо реши да излезе надвор, во градината и да си скине некоја праска, зашто не можеше да си легне гладен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)