зашто (сврз.) - ни (чест.)

Но никое од децата не го примаше во играта, зашто ни тој, ни Лидија, не знаеја да играат некоја игра токму онака како што се играше.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Го зграпчил за крадечката шија и извлекол нож од објало. И му ја стругнал тртката од носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зошто тртката, мајче. - Зашто ни тогаш немало светци. Станувајте и патувајте.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никако не, зашто ни една пропаганда, колку и да е таа силна, не може да ни го даде тоа што го очекуваме ние од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)