и (сврз.) - влече (гл.)

Оваа, пак, долу, во бавчите, ја прибира Мала Вода и влечејќи ја низ нивјето, во Торојца, од оваа страна на мостот на железничката линија, во непосредна близина на новата железничка станица, се влива во Алинска Река.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не пеј песната страдална - в гората капат лисјата. водите течат - ронат брег и влечат млади јасики.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дојде комбето и сама ги тегнев и влечев вреќите и табуретките кои го претставуваа креветот на кој спиев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ја извадив некако од креветчето и влечејќи ја под мишка трчав со неа пак по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Водата сака да ја запре сенката на сонцето што ридот почнува да го засолнува и влече.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трепка со танките и раскрачени ножиња и влече некои конци по ѕидот, си работи ко плетачка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Децата јуреа до далечниот Змејов брег и таму застанаа, четворицата, држејќи го клопчето со конец во радосните, горди прстиња, секое од нив тегнееше, управуваше и влечеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)