и (сврз.) - замисли (гл.)

И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ајде, дувај ја тортата и замисли желба! - викнаа неколку нејзини другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И замислете дека немаат име, и дека треба да им ставите име.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Крајно изреволтирана, спремна на кавга дури и за најмала ситница, влегувам во автобусот и замислете куриозитет - шоферот ја пуштил The Unforgiven од Metallica и тоа ја рокнал до даска.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Па што? - Како - па што? Ја гледаш од Чукарот Беласица, и замисли, денес само јас и ти од Чукарот ја гледаме Беласица и никој друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И замисли таа да те бие по муцка, да ти пцуе мајка, сестра и жена и сите светии...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)