и (сврз.) - запее (гл.)

Тргна и запеа: Не седи, Џемо, слободен, ајде, Под таа круша горница, Џемо, Крај таа река Ситница, На таа нива орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со тешка издишка се отпушти пак разочаран и запеа пресипнато, протегнато, пијански, како да го дават: - Нема Ботев, нема Левски, нема Караџата...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Запејте! И запејаа: високо црвено ѕвоно што ги ниша Алпите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Аларах демне зад Алпите и чека Римјаните да му го донесат златото. Насетувам знаци, велеше, кои повикуваат на песна.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Застана на ритчето, што е пред селото и, викајќи Вива Италија, аванти Италија, и запеа: Бандера роса ла триумфера...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И запеа. Луто, плачно, крваво. До крв и за крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Предводникот викна: - Песна! Песна да се ори! И запеа прв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа го потера коњчето и запеа: „Дидили-дидили, Темелко, крши витка, макај тиква, дидили-дидили, Темелко!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)