и (сврз.) - исчисти (гл.)

„Мислам, би требало некои делови да ви ги прочитам: - Во нашиот град ниту загрижените еколози, ниту посебно ангажираните работници на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можат да ги отстранат и исчистат ѓубриштето и дивите депонии што никнуваат насекаде низ градот, во неговата околина и покрај јавните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)