и (сврз.) - коментира (гл.)

Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаа уфрлено и свои доушници на власта, божем козари меѓу вистински козарите на кои им читаше и коментираше слободоумниот и храбар Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги читавме и коментиравме Монтескје, Волтер, француските енциклопедисти, Русо, Дидро и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)