и (сврз.) - мава (гл.)

Но китот си е кит, со опашот и мава и гали...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Споулавениот и кога живее е мртов. Ние не одобруваме да го казниш со вила. Од таква смрт и крмнакот се повампирува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земи ластегарка и мавај. Исправи му го грбот. Со наш благослов ќе броиш до десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Анастасија и понатаму стоеше на прозорецот и маваше по перницата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама, и јас уште не сум за фрлање: ми идат некако назгодно и мавам, не одбирам место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)