и (сврз.) - свика (гл.)

Кога видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земе стапчето и го грабнал штркот преку половина со обете раце и свикал по мајка си: „Мајко, мајко го фатив штркот.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Драган итро се сврте кон Зоки и свика: - Признај!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ама бог да прости, беше носел Стојо Корупов едно пишчолче чифте, та и тој му тргна еднаш и свика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ми се падне еднаш да зборувам за рамноправноста меѓу мажот и жената и, само што го спомнав зборот рамноправност, стана еден човек и свика: — Сѐ, сѐ, само тоа не!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)