и (сврз.) - скока (гл.)

Ја бакнувам по врвот на носот: - Не се сите фатаморгани. - Да! Да! – се отрга и скока врз каучот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Којо Пипиле, гледајќи го Богдана како се нервира и лути на кучето кога ќе му лае и скока преку плотот, му рече: „Земи си и ти едно куче... Не седи сам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како по порачка, ритмовите се искршија (или така ми се чинеше), и скокав мафтајќи со рацете, во обид да ја излеам жешката лава.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Следниот миг мачорот го тресеше глушецот во воздух, како гумена топка, и скокаше и правеше салта по него, со победоносен восхит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И, додека како Индијанка викам и скокам како да привикувам дожд, снег и други „падавини“, ми приоѓа еден и ми вели: „Ако го бараш автомобилот, ене го удолу, еееееј кај школото“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Очите му шетаа и скокаа како маслинки на зејтин, ама и во нив не се гледаше ни жал, ни лутина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Срцето ми дошло дури горе, под глава, и скока, удира, ќе ми ги дупне тапанчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Начешлај се и скокај, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пролетери-јами, велам и скокам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги распетлуваа градите од силината што им идеше, се соблекуваа голи и скокаа во езерото да се ладат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И тоа нѐ прави неизмерно радосни. Мислиш од тебе изгрева сонцето и скока од радост дека влегло во нивите наши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Давиде Недолетниот вика: - Еда, трчајте, вели, еда најдов, вели и скока во ливадата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)